Search

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Со жрепка во седиштето на ЕХФ во Цирих попладнево беа одредени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во ракомет за жени во 2024 година.

Жрепката одлучи Македонија да биде во групата 5 заедно со Шпанија, Литванија и Азербејџан.

Домаќини на Европското првенство идната година ќе бидат Швајцарија, Австрија и Унгарија, а пласман на завршниот турнир ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации од осумте квалификациски групи, како и четирите најдобро треторангирани селекции од сите групи.

Евроквалификациите стартуваат во октомври оваа есен, а ќе финишираат во април идната година. 

Треба да знаете
Последни објави