Search

Клучна цел на воените дејства на Русија е да се спречи членството на Украина во НАТО

Кремљ ги отфрли украинските наводи дека рускиот претседател Владимир Путин има двојник и повтори дека целта на руската операција во Украина е да се спречи соседната земја да се приклучи на НАТО.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија гледа закана во потенцијалното членство на Украина во НАТО, што би било „сериозна, голема опасност за земјата, за безбедноста“. Песков ова го изјави на денот кога генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја посети украинската престолнина, за првпат од почетокот на инвазијата.

-Иднината на Украина е во евроатлантското семејство, иднината на Украина е во НАТО. Во исто време, главната цел на Северноатлантскиот договор и нејзините сојузници е да обезбедат Украина да победи, изјави Столтенберг во Киев.

Портпаролот на Кремљ, исто така, ги коментираше неодамнешните тврдења од Киев дека рускиот претседател Владимир Путин користел двојник за време на патувањата, како оние во окупираните Херсон и Луганск, велејќи дека тоа се „некако чудни“ тврдења.

Самиот Путин еднаш рече дека од безбедносни причини му советувале да користи двојник, но потоа додаде дека „се воздржал“ од тоа.

Треба да знаете
Последни објави