Search

Хрватот кој до смрт го претепа својот најдобар другар е во притвор и ја признал вината

Дваесетгодишиот М.К. кој во саботата рано наутро брутално го претепа својот пријател на паркингот на Плоштадот Свето Тројство во Пожега, му е одреден притвор, пренесуваат хрватските медиуми. По распитот во Жупаниското државно правобранителство, адвокатката на напаѓачот во изјава за хрватски „Данас“ вели дека тој ја признал вината.

„Притворот е одреден, поради можноста да се влијае врз сведоците. Во своето излагање осомничениот детално објасни што и како се случило, признал дека го сторил делото за кое се товари. Ќе поднесеме жалба, сведоците немаат што да кажат освен неговото признание“, вели адвокатката Анита Пезер.

Напаѓачот ќе се соочи со кривична пријава за нанесување тешки телесни повреди со смртни последици, за што доколку судот го прогласи за виновен му се заканува казна затвор од три до 15 години.

Треба да знаете
Последни објави