Search

Големи немири вечерва во Париз по говорот на Макрон кој не се откажува од законот за пензиите

Големи немири избија вечерва во Париз, по говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на малите екрани.
Макрон претходно изјави дека го слушнал гневот на граѓаните, и дека од него треба да се извлече поука, но дека законот за пензиите ќе стапи на сила наесен, како што е планирано.

Тој им предложи на граѓаните да го насочат вниманието на нови проекти кои се однесуваат на подобрување на условите за работа и поголема заработувачка, борба против деликвенцијата и подобрување на состојбите во образованието и здравството. Тој ги повика синдикатите да разговараат, но тие одбија, бидејќи во моментов се подготвени да зборуваат само за пензиската реформа.

За тоа време граѓаните удираа во тенџериња пред општинските згради низ државата. Ситуацијата во Париз потоа излезе од контрола. Протестната поворка која беше формирана, помина низ улиците, палејќи ги контејнерите кои попатно ги поставија како барикади.

Во еден момент околу Плоштадот на Републиката дошло до експлозија, при што била запалена кофа. Најрадикалните демонстранти се судрија со полицијата, која фрли солзавец.

Треба да знаете
Последни објави