Search

(Видео) Хаос на „Евзони“- караници, претекнувања и чекање до два часа за влез во Македонија

За влез во Македонија, од грчка страна се чека повеќе од два часа. На граничниот премин „Егзони“, освен нервоза меѓу возачите, на секој пет минути избива и кавга, објави Макфакс.

Додека едни стојат уредно во шест колони и чекаат, други, возејќи на дополнителни три-четири колони се обидуваат да ја избегнат гужвата и побрзо да стигнат до терминалите за пасошка контрола. Возачите револтирано свират и бараат побрзо да ја поминјат границата.

„Ние сме со мали деца“, „И ние сме со мали деца“, „Ние чекаме два саати“, се дел од оправдувањата со кои возачи се обидуваат да воведат ред во хаосот.

Македонските возачи и Србите имаат меѓусебно разбирање и дозволуваат возила кои избегнуваат колони да влезат во редот за чекање до терминалот. Возилата со грчки регистарски таблици, не оставаат ниту минимум растојание од автомобилите пред нив, за да избегнат некој да влезе во колоната каде се чека и по два саати.

Дополнителен хаос прави и дождот. Многумина, границата ја поминуваат пеш, а потоа, влегуваат во фри-шопот, каде има нов хаос.

Треба да знаете
Последни објави