Search

Рома се одлепи на третата позиција

Рома со третата победа во низа во италијанската фудбалска Серија А , овојпат против Удинезе (3:0) максимално профитираше по киксовите на Милан и Интер за да се одлепи како третопласиран тим на табелата на позициите кои водат во Лигата на шампионите. „Римската волчица“ сега има три бода повеќе од Милан, односно пет од петопласираниот Интер.

Рома поведе со голот на Бове во првото полувреме откако Кристанте промаши пенал, а на стартот на вториот дел, Пелегрини погоди по одличното додавање од Белоти. Гостинот од Удине не се предаде и доби пенал за враќање во мечот во 69-та минута, но Руи Патрисио му го одбрани пеналот на Переира. Во самата завршница, Ејбрахам погоди за 3:0 по одличен удар со глава.

Во последните 15-тина минути шанса за настап од клупоата за резерви во тимот на Умдинез доби и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Треба да знаете
Последни објави