Search

Манчестер јунајтед нанижа трета победа без примен гол

Манчестер Јунајтед ја забележа третата победа во низа во англиската фудбалска Премиер лига и тоа без примен гол. „Црвените ѓаволи“ без многупроблеми како гости го совладаа Нотингем Форест (2:0) во меч од 31. коло. Со овој триумф тимот од „Олд Трафорд“ се проби до третото место на табелата, но останува далеку од трката за титулата. Главна нивна цел е да обезбедат место во Лигата на шампиони за следната сезона. За разлика од Манчестер, Нотингем Форест остана на 27 бодови и е во зоната за испаѓање.

Бразилецот Антони во 32 минута го најави триумфот на фаворитот, кога одлично се снајде по една одбиена топка и успеа лесно да погоди во празната мрежа.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 76 минута кога Далот погоди за 2:0. Манчестер јунајтед и предходно постојано напаѓаше, а победата на Манчестер да не биде поголема најзаслужен е домашниот голман Кејлор Навас.

Треба да знаете
Последни објави