Search

Интер му постави ултиматум на Инзаги

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е блиску до отказ по синоќешниот поразот од Монца во 30. коло од Серија А (0:1), пренесува „Football Italia“.

Според изворот, по натпреварот, раководството на Интер се сретнало со Инзаги, изразувајќи го неговото незадоволство од резултатите на тимот на последните натпревари.

Иднината на тренерот на „нероаѕурите“ зависи од резултатите од пресметката со Бенфика во четвртфиналето на Лигата на шампионите (2:0 во првиот натпревар) и од тоа дали  миланезите ќе изборат пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

По 30 кола, Интер е петти во Серија А со 51 бод, два бода зад Милан на четвртото место.

Треба да знаете
Последни објави