Search

Имобиле во сообраќајна несреќа се здобил со повреда на рбетот и скршеница на ребро

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле заработи скршеница на ребро и повреда на рбетот од сообраќајната несреќа која ја имаше во Рим, објавено е на сајтот од римскиот клуб.

Претходно беше објавено дека теренецот управуван од Имобиле удрил во трамвај во Рим.

Имобиле оваа сезона одигра 30 натпревари за Лацио во сите натпреварувања и постигна 12 гола и пет асистенции.

Треба да знаете
Последни објави