Search

Голден Стејт со пораз ја започна плејоф серијата со Сакраменто

Сакраменто изутрина го совлада актуелниот НБА-шампион Голден Стејт со 126:123(29:29, 26:32, 36:29, 35:33) во воведниот натпревар од првото коло од плејофот во НБА лигата.

Кошаркарот на Кингс, Деарон Фокс беше најефикасен играч на натпреварот со 38 поени.  Стеф Кари со 30 поени ги предводеше стрелците во поразениот тим.

Резултатот во серијата е 1:0 во корист на Сакраменто. Следниот натпревар ќе се одржи на 18 април.

Бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата е Голден Стејт.

По првите натпревари во другите пресметки од осминафиналето на НБА-плејфот, Њујорк води против Кливленд, додека Бостон се стекна со предност од 1:0 против Атланта.

Треба да знаете
Последни објави