Search

Барселона немаше гол-решение и на гостувањето кај Хетафе

Лидерот во шпанската фудбалска Ла Лига, каталонскиот гигант Барселона о 29. коло ремизираше на гостувањето кај Хетафе (0:0). Домаќинот Хетафе во првите 45 минути беше рамноправен ривал со фаворизираната Барселона, која во вторите 45 минути доминираше, но не го пронајде патот до мрежата.

Екипата на тренерот Чави Ернандез создаде осум шанси, но и тоа не им беше доволно да ја затресат мрежата и остана без очекуваната победа во походот кон шампионската титула.

Барселона останува на првата позиција со 73 бодови, односно 11 повеќе од Реал Мадрид на девет кола пред крајот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави