Search

Анчелоти: Густиот календар во јануари ни ја отежна борбата за врвот

 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти објасни зошто тимот заостанува 11 бода зад Барселона во шпанската фудбалска Ла Лига.

– Можевме да одиграме подобро. Страдавме многу поради сите натпревари што требаше да ги одиграме во јануари. Загубивме бодови во нив, што ни отежнува сега да стигнеме до лидерот, изјави Анчелоти на прес-конференцијата по вчерашната победа над Кадиз (2:0).

Реал Мадрид по 29 кола е втор во Ла Лига со 62 бода. Лидерот Барселона со 73 бода.

„Кралевите“ се бранители на шампионскиот трофеј, но им претстои речиси невозможна мисија повторно да бидат прваци. зс/

Треба да знаете
Последни објави