Search

Во прекин сообраќајот на патот Штип – Кочани поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави