Search

Синер ја помина првата пречка на Ролан Гарос

Иако неговиот настап беше под знак прашалник поради повреда на колкот, вториот светски рекет Јаник Синер се опорави за Ролан Гарос и имаше успешно деби.

Шампионот на Австралија опен денеска под затворен покрив на теренот „Сузан Ленглен“ убедливо го совлада Американецот Кристофер Еубенкс – 6:3, 6:3, 6:4 во меч кој траеше два часа и 11 минути.

Ривал на Синер во второто коло ќе биде францускиот ветеран Ришар Гаске, кој вчера беше подобар од Хрватот Борна Чориќ – 7:6, 7:6, 6:4.

Треба да знаете
Последни објави