Search

Милан со втор тим ремизираше со Болоња

Болоња и Милан ремизираа 1-1 во дуел од Серија А на кој гостите си ги чуваа силите, а домашните ја продолжија серијата мечеви без пораз која сега е пет средби едноподруго.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, поштеди дел од играчите на ударната екипа од настап на овој меч, чувајќи ги за реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите против Наполи.

Росонерите од Милан испишуваа историја. Најпрвин примија гол после 33 секунди игра, еден од двата најбрзи кои ги примиле на прволигашки меч, а станаа и прв италијански тим кој во почетниот состав извадил повеќе од двајца Белгијци. Милан попладнево тргна со дури четворица Белгијци (Вранк, Салемакерс, Де Кетеларе, Ориги). За Милан играа двајца Италијанци, а едниот нив, Побега во 40. минута даде убав гол за 1-1.

Во продолжението од натпреварот двете екипи можеа да постигнат и втор гол. Милан беше нешто поопасен, но резултатот не се промени до крајот.
Милан остана четврти и има ист број бодови со третопласираната Рома која има натпревар помалку. Болоња остана на осмата позиција.

Треба да знаете
Последни објави