Search

Лоши вести од Подгорица за МЗТ Скопје: Борац го победи Будуќност

Борац од Чачак како аутсајдер победи во последното коло од регионалната кошаркарска АБА лига во Подгорица против Будуќност (85:87). Со овој исход плачките и обвинувањата кои ги демонстрираше српскиот АБА-лигаш Борац по вчерашниот триумф на македонскиот претставник МЗТ Скопје во истото натпреварување над Цибона се заменети со прослава и заборавено се што кажале !

Вечерва во Подгорица, Борац иако важеше за тотоален аутсајдер го победи Будуќност и избори настап во баражот за опстанок. МЗТ Скопје дирекно испаѓа во регионалната АБА2 лига како последнопласиран поради послабиот меѓусебен скор од Борац со кого имаат по седум победи во лигашкиот дел.

Борац за опстанок ќе игра со поразерниот тим од финалната пресметка во АБА 2 лигата каде ќе се соочат словенечките тимови Хелиос и Крка.

Според извештаите од Подгорица, Будуќност во последните секунди промашил шут за победа. Гајиќ ја собрал топката и притоа бил фаулиран. Првото слободно фрлање го промашил, а второто го искористил, па Будуќност имал уште една шанса за израмнување или триумф и една секунда за реализација. За среќа на Борац, Грин го промашил шутот за три поени.

Треба да знаете
Последни објави