Search

Дончо не може без Вардар

На стадионот во Маџари, дерби натпреварот во второлигашката конкуренција меѓу Вардар и Гостивар помина во амбиент како доликува за еден фудбалски натпреавр. На крајот дуелот на второ и третопласираниот тим во Втората фудбалска лига заврши без победник (0:0).

Почетниот удар на овој меч имаше чест да го изведе легендарниот тренер на Вардар и првиот селектор на репрезентацијата на Македонија кој ја предводеше на меѓународен натпревар по осамостојувањето, Андон Дончевски, кој иако во поодминати години (88 години) допатува од Австарлија каде живее да има нова средба со „црвено-црните“.

Дончевски пред натпреварот во знак на сеќавање доби два дреса од Вардар кои имаат многу симболика. Првиот е со бројот 217, што го претставува бројот на постигнати голови на Дончевски за Вардар, а вториот е со бројот 87, годината во која „црвено-црните“ ја освоија шампионската титула во поранешната СФРЈ (1987) и година во која е формирана навивачката група Комити (1987).

Треба да знаете
Последни објави