Второ реми за македонските надежи на тестовите против Црна Гора

 Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра попладнево нерешено 1:1 (0:0) против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот меѓусебен контролен дуел во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија имаше предност од 1:0 и беше подобар противник на теренот, но Црна Гора во 82. минута успеа да го израмни резултатот.

Стрелец на погодокот за македонскиот состав беше Александар Богданоски во 48. минута од натпреварот.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски и на првата средба одиграна пред два дена против истиот противник одигра нерешено, без голови. 

Треба да знаете
Последни објави