Search

Работнички оди во рацете на странски инвеститор

Сериозна странска инвестиција влегува македонскиот прволигашки фудбал.

,,Џевахир Менаџмент” компанија од групацијата ,,Џевахир” заедно со арапски инвеститор се пред купување на скопски  ФК ,,Работнички” дознава 24 инфо.

Според неофицијални информациите договорот е пред потпишување а ќе се реализира од следната сезона за кога инвеститорите имаат сериозни планови и враќање на шампионските амбиции на Работнички.

Како што се најавува ова може да биде доста сериозна инвестиција, слична па можеби и поголема од инвестицијата на Сергеј Самсоненко во ФК Вардар. 

,,Џевахир“ во Македонија ги поседува високите кули во скопската населба Аеродром, а во Турција имаат објекти како шопинг центар, хотели и згради ширум Турција, аутлет центар во Трабзон и други објекти.

 „Џевахир Менаџмент“  фудбалската агенција која е верифицирана во мај минатата година застапува неколку македонски фудбалери кои играат во домашното но и во странските првенства.

Треба да знаете
Последни објави