Баерн го суспендира Мане и ќе го казни парично

Актуелниот германски фудбалски порвак Баерн Минхен е клуб во кој професионалното однесување е на прво местои, а бидејќи Садио Мане го прекршил ова правила сосема очекувано доби суспензија од раководството и нема да му биде на располагање за тренерот Тухел на неодредено време.

По караницата која ја имаа со Лерој Сане на теренот на натпреварот против Манчестер сити, двајцата продолжиле да се расправаат и во соблекувалната, по што Сенегалецот физички го нападнал соиграчот и го удрил по устата со тупаница.

Оваа вест ја пренесоа сите угледни германски медиуми, а Баерн со својата денешна одлука само го потврди инцидентот и јасно стави до знаење дека нема да толерира такво однесување.

Во своето соопштение, Баерн потенцира дека Мане е суспендиран од првиот тим и нема да биде дел од тимот на првенствениот натпревар против Хофенхајм, а ќе биде и парично олеснет за неприфатливиот потег.

– Садио Мане (31 година) нема да биде во тимот на ФК Баерн за домашниот натпревар против Хофенхајм претстојнава сабота. Причината е недоличното однесување на Мане по натпреварот на Баерн во Лигата на шампионите против Манчестер сити. Покрај ова, Мане ќе добие и парична казна, – гласи краткото соопштение на Баерн.

Треба да знаете
Последни објави