Search

Османи во посета на Јужен Кавказ како претседавач со ОБСЕ

 Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од денеска е во посета на Јужен Кавказ. Четиридневната посета на Грузија, Азербејџан и Ерменија, Османи ќе ја почне од Тбилиси. На агендата се средби со највисоките државни претставници на Грузија, претседателката Саломе Зурабишвили и премиерот Иракли Гарибашвили.

Исто така, како што најавија од Министерството за надворешни работи (МНР), покрај средбата, Османи со министерот за надворешни работи на Грузија, Илиа Дарчиашвили, ќе има и заедничка изјава за медиуми.

-Претседавачот Османи во Грузија ќе ја пренесе и пораката од важноста на улогата на Грузија како земја учесничка на ОБСЕ која е клучно место за меѓурегионалните иницијативи како и дека ОБСЕ ќе продолжи да дава суштинска поддршка во спроведувањето на заложбите во трите димензии, што пак ќе придонесе за спроведување на внатрешните реформски процеси, потенцираат од МНР.

Покрај официјалните лица, Османи ќе оствари разговар и со делегација на Парламентарното собрание на ОБСЕ од грузискиот Парламент, како и со претставници на граѓанскиот сектор и националните малцинства. Во рамки на посетата, заедно со Мониторинг мисијата на Европската Унија во Грузија, Османи ќе има теренски средби со граѓани од погодените региони со цел директно од нив да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочуваат.

Посетата на Османи продолжува во Баку, Азерјбеџан каде што исто така ќе оствари средби со државниот врв. Агендата за Јужен Кавказ, Османи ќе ја заврши во Ерменија

Треба да знаете
Последни објави