Search

Кристал Палас со „петарда“ го турна Лидс кон зоната за испаѓање

Фудбалерите на Кристал Палас остварија убедлива победа од 5-1 против Лидс и така го турнаа ривалот кон зоната за испаѓање од Премиерлигата.

Бамфорд ги израдува домаќините во 21. минута, но Кристал Палас се врати во игра во финишот на првото полувреме и израмни на 1-1.

Ају и Езе на стартот го „нокаутираа“ Лидс и му донесоа водство на гостинскиот состав од 3-1, по што продолжи потопот на домаќините.

Во продолжение од средбата Едуард и Ају стрелаа во мрежата на Лидс и му обезбедија триумф од 5-1 на Кристал Палас.

Кристал Палас има 33 бодови на 12. место, додека Лидс е на 16. позиција со 29, односно два повеќе од опасната зона.

Треба да знаете
Последни објави