Search

Клиперси со лекција за Лејкерси, Далас го победи Сакременто и остана во игра за плеј ин

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа градските ривали Лејкерс 125:118 и направија голем чекор да обезбедат позиција во доигрувањето. Победникот беше решен уште на полувремето на кое Клуперс заминаа со предност од 71:52, која рутински ја одржаа до крајот.

Кај Клиперс најдобри беа Норман Пауел со 27 и Каваи Леонард со 25 поени. Одличен беше и Хрватот Зубац со 17 коша и 13 скока. Лејкерс ги предводеше Леброн Џејмс со 33 коша, 8 скокови и 7 асистенции.

Со оваа победа со Клиперс скокнаа на петтото место на табелата на Западната конференција со соодносот меѓу победите и поразите со 42:38, колку што имаат и шестопласираните Голден Стејт Вориорс. Лејкерс се на седмото место со 41:39, а ист ефект имаат и Њу Орлеан Пеликанс на осмото место.

Кошаркарите на Далас го играа мечот за спас на сезоната и успеаја да го победат Сакраменто со 123-119, прекинувајќи ја низата од три едноподруго порази во НБА лигата.

Кајри Ирвинг со 31 поен и Лука Дончиќ со 29 поени го предводеа Далас кој се израмни со Оклахома на десеттото место на Западот, последното кое води во плеј-офот.

Со поразот на Мемфис Гризлис од Њу Орлеанс Пеликанс 138:131, Денвер Нагетс го осигурија првото место во Западната конференција, додека Милвоки Бакс со победата над Чикаго Булс од 105:92 дојдоа до соодносот 58-22 и ја обезбедија позицијата прв носител во доигрувањето.

Своите позиции ги „зацементираа“ и првите пет екими во Источната конференција, а со ред ги држат Бостон Селтикс со 55-25, Филаделфија 76ерс 53-27, Кливленд Кавалирс со 50-30 и Њујорк Никс со соодносот 47-33.

РЕЗУЛТАТИ 05.04.

ЛА Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 125:118
Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 108:123
Индијана Пејсерс – Њујорк Никс 129:138
Атланта Хокс – Вашингтон Визардс 134:116
Бостон Селтикс – Торонто Репторс 97:93
Милвоки Бакс – Чикаго Булс 105:92
Њу Орлеанс Пеликанс – Мемфис Гризлис 138:131 (продолжение)
Далас Маверикс – Сакраменто Кингс 123:119

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Милвоки Бакс 58 22 72,5
2. Бостон Селтикс 55 25 68,8
3. Филаделфија 76ерс 52 27 65,8
4. Кливленд Кавалирс 50 30 62,5
5. Њујорк Никс 47 33 58,8
6. Бруклин Нетс 44 36 55,0
————————————————- —–
7. Мајами Хит 42 37 53,2
8. Атланта Хокс 41 39 51,3
9. Торонто Репторс 40 40 50.0
10. Чикаго Булс 38 42 47,5
————————————————- —–
11. Орландо Меџик 34 45 43,0
12. Индијана Пејсерс 34 46 42,5
13. Вашингтон Визардс 34 46 42,5
14. Шарлот Хорнетс 26 54 32,5
15. Детроит Пистонс 16 64 20.0

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Денвер Нагетс 52 27 65,8
2. Мемфис Гризлис 50 30 62,5
3. Сакраменто Кингс 48 32 60.0
4. Феникс Санс 44 35 55,7
5. ЛА Клиперс 42 38 52,5
6. Голден Стејт Вориорс 42 38 52,5
————————————————- —–
7. Лос Анџелес Лејкерс 41 39 51.3
8. Њу Орлеанс Пеликанс 41 39 51.3
9. Минесота Тимбервулфс 40 40 50.0
10. Оклахома Сити Тандер 38 42 47,5
————————————————- —–
11. Далас Маверикс 38 42 47,5
12. Јута Џез 36 43 45,6
13. Портланд Трејл Блејзерс 33 46 41.8
14. Сан Антонио Спарс 20 59 25.3
15. Хјустон Рокетс 20 60 25.0

Треба да знаете
Последни објави