Search

Уставен ја укина одлуката за бензинската на Пуцко Петрол во Карпош, донесениот ДУП не е во согласност со ГУП 

Уставните судии едногласно го укинаа деталниот урбанистички план за општина Карпош каде што Пуцко петрол требаше да гради бензиска пумпа. Со оваа одлука на судот се отвара пат, компанијата да бара и да добие милионска од општината. -Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05 на Општина Карпош. Од утврдената фактичка состојба и обемната документација која се анализираше, Судот утврди дека  ДУП-от е неусогласен со ГУП-от бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти. Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура. Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП, не е во согласност со ГУП.  Уставниот суд расправаше и ја укина оваа Одлука за носење на ДУП во општина Карпош по поднесена иницијатива од Наташа Шурбановска на 3 април 2022 година. 
Треба да знаете
Последни објави