Search

По Баерн, oд Купот исфрлена и Борусија

Баерн Минхен вчера доживеа шокантна елиминација во четвртфиналето на Купот, рунда која се покажува како кобна и за Борусија Дортмунд откако вечерва тимот на Терзиќ повторно капитулираше на гостински терен.

По поразот од Баерн во големото дерби, Борусија денеска дојде да лечи рани на „Ред Бул арена“, но не само што не го направи тоа, туку се прикажа и во пресиромашно издание во кое единствениот шут кон голот го испрати во 96-та минута.

Лајпциг доминираше во текот на сите 90 минути и испрати 11 удари кон противничкиот гол, од кои два завршија во мрежата која ја брани Кобел.

Тимо Вернер погоди во 22-та минута по одличното додавање од десната страна, а иако Лајпциг создаде уште многу шанси за поубедлив триумф и мирна завршница, на крајот погоди за потврда длабоко во судиското продолежние.

Кампл ги постави конечните 2:0 и го однесе Лајпциг во полуфиналето.

Треба да знаете
Последни објави