Search

Шојгу: Приклучувањето на Финска во НАТО го зголемува ризикот од конфликт

 Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека приклучувањето на Финска во НАТО и напорите на Алијансата да ја зголеми нејзината борбена готовност го зголемуваат ризикот од конфликт. 

„НАТО усвои комплекс мерки за зголемување на борбената готовност на обединетите вооружени сили и ги зајакнува обуката, борбените и разузнавачките активности во близина на границите на Русија и Белорусија. Во блиска иднина се очекува и Финска да стане членка на сојуз“, рече тој на состанокот со највисокиот команден штаб на руските вооружени сили. 

Според него, „тоа создава значителен ризик за проширување на конфликтот во Украина, но тоа нема да влијае на специјалната воена операција“. 

Шојгу го обвини НАТО за антируски курс, за кој рече дека Алијансата сè повеќе го следи. 

Треба да знаете
Последни објави