Search

Шок за Тухел: Баерн испадна од Фрајбург во ДФБ Купот

Германскиот првак Баерн Минхен доживеа болен пораз во четвртфиналната фаза од ДФБ Купот од Фрајбург со 1-2, а тоа беше прв неуспех и на новиот тренер Томас Тухел.

Екипата на Тухел постигна гол преку Упамекано за водство од 1-0 во 19. минута, но Фрајбург се врати во игра преку Хофлер во 27. минута од дуелот.

Баерн во вторите 45 минути се обидуваше да постигне втор гол, но нервозата кај избраниците на Тухел беше присутна во финишот кога им беа поделени дури четири жолти картони, по што Холер од пенал во 95. минута ги „нокаутира“ баварците.

Претходно, Ајнтрахт Франкфурт обезбеди полуфинале, со победа над Унион Берлин (2-0), со двата гола на Коло Муани.

Треба да знаете
Последни објави