Search

Трамп си замина на Флорида, ќе му се суди фалсификување деловни досиеја за време на претседателските избори во 2016 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој пред еден час и формално беше уапсен и потоа сослушан пред судот во Менхетн, предмалку ја напушти судница и си замина од зградата на судот.

Трамп ја напушти судницата во придружба судската полиција, откако ги ислуша 34-те точки од обвинението за фалсификување деловни книги и заговор и притоа се изјасни за невин.

На излегување од судницата Трамп, иако имаше таква најава, не даде изјава, туку само влезе во своето возило и со придружбата замина за Флорида, од каде најверојатно ќе го има своето обраќање до јавноста. Со излегувањето од зградата на судот, Трамп веќе нема статус на уапсено лице.

Според експертите, следното рочиште ќе се одржи во декември, а судењето ќе започне дури во јануари 2024. Според тој распоред, Трамп треба да се појави пред судот токму кога почнуваат републиканските прелиминарни избори за претседателскиот кандидат.

Трамп на суд се соочи со 34 точки за фалсификување деловни документи, а откако ја напушти судницата, конечно беше објавено за што се товари.

Обвинителот Алвин Брег одржува прес-конференција на која детално објаснува за што го обвинуваат Доналд Трамп.

Во обвинението, обвинителите го обвинуваат Трамп за „постојано фалсификување деловни досиеја во Њујорк за да прикрие криминално однесување од гласачката јавност за време на претседателските избори во 2016 година.
-Обвинетиот од август 2015 година до декември 2017 година смислил план со други учесници да влијае на претседателските избори во 2016 година со тоа што ќе спречи објавување на информации неповолни за него, се наведува во обвинението.

„За да го спроведат овој незаконски план, учесниците ги прекршиле изборните закони и ги фалсификувале сметководствените книги на различни субјекти во Њујорк.

Обвинението можете да го прочитате ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави