Search

Трамп е формално уапсен, пред рочиштето им се обрати на поддржувачите „Трагичен ден“

Обезбедувањето на Доналд Трампе подготвено да го изведе поранешниот претседател на САД надвор од судот во Менхетен каде што беше „формално“ уапсен и одведен пред судот каде што бил информиран за обвинението против него како и да се изјасни за истото, што претставува историски момент, имајќи предвид дека станува збор за првиот претседател во историјата на САД кој е кривично гонет.

Не се знае каде ќе оди Трамп веднаш по сослушувањето, но се очекува вечерва да се врати на Флорида.

Неговата адвокатка Џули Ренделман рече дека „никогаш не помислила дека ќе доживее ваков ден“. „Искрено, не можам да верувам дека ова се случува“, додаде таа.

Обвинението против Трамп го покрена Големата порота на Менхетен и се состои од повеќе од 30 точки. Тоа се однесува на вмешаноста на Трамп во плаќањето на 130 000 долари на порно актерката Сторми Даниелс за да ја спречи јавно да зборува за наводната афера со него, за која таа тврди дека се случила во 2006 година.

Како што пренесува Скај њуз, Трамп не бил врзан со лисици на барање на неговата придружба од Тајната служба.Сепак, по неговото појавување пред судот, на Трамп му биле земени отпечатоци и бил фотографиран за евиденција.

Пред судот се собраа поддржувачи и противници на поранешниот претседател, а меѓу двете групи кои разменуваа навреди застанаа и припадници на њујоршката полиција. Сепак, најголемиот дел од просторот пред кривичниот суд го зазедоа новинари, по случај без преседан во поновата американска историја.

Пред рочиштето тој им се обрати на поддржувачите порачувајќи им дека ова е „трагичен ден“.

Судијата Хуан Мерчан забрани употреба на дигитални уреди во судницата на сослушувањето на Трамп, но ќе дозволи да се направат неколку фотографии пред да започне сведочењето.

Судијата рече дека мобилните телефони и лаптопите не можат да се користат во судницата за време на сослушувањето на поранешниот американски претседател, а камерите ќе бидат дозволени во ходникот пред да започне судењето.

Трамп е првиот актуелен или поранешен претседател на САД против кого се води кривична постапка, а исплатата за која се гони била направена во 2016 година непосредно пред претседателските избори на кои тој победи.

Треба да знаете
Последни објави