Search

Стотици вработени во Гугл во Лондон прекинаа со работа поради отпуштања

 Стотици вработени во Гугл денеска ја прекинаа работата во канцелариите на компанијата во Лондон, по спорот околу отпуштања. Во јануари, матичната компанија на Гугл, Алфабет, соопшти дека отпушта 12.000 вработени ширум светот, што е еквивалентно на шест отсто од глобалната работна сила.

Овој потег доаѓа во време на бран отпуштања во американските компании, особено во технолошкиот сектор, кој од почетокот на годината отпушти повеќе од 290.000 работници, покажуваат податоците на сајтот Layoffs.fyi.

Синдикатот „Јунајт“, во кој членуваат стотици вработени во Гугл во Британија, соопшти дека компанијата ја игнорирала загриженоста на вработените.

– Нашите членови се јасни: „Гугл мора да го слуша сопствениот совет да не биде злобен, рече Мет Вејли, регионален службеник на „Јунајт“.

Според него, тие и „Јунајт“ нема да се откажат сè додека Гугл не им дозволи на работниците целосно синдикално претставување, не се вклучи во консултации и не ги третира своите вработени со почит и достоинство што го заслужуваат. 

Треба да знаете
Последни објави