Search

Интер од пенал во 95. минута извлече реми кај Јувентус во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Интер успеаја да останат непоразени на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија против Јувентус на гостински терен, откако мечот заврши 1-1 со два погодоци во самиот финиш.

Екипата која ќе игра во големото финале ќе биде познат за 20-тина дена, односно на 26-ти Април за кога е закажан реваншот во Милано.

Резултатот го отвори колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо во самиот финиш од мечот, односно во 83-тата минута. Кога сите мислеа дека Јувентус ќе забележи победа, така не мислеше Лукаку кој од пенал петтата минута од судиското надополнување на времето донесе израмнување на 1-1, воедно поставувајќи го конечниот резултат на овој натпревар.

Треба да знаете
Последни објави