Search

Германската владејачка коалиција планира да побара приватниот и јавниот сектор да ја намалат потрошувачката на енергија за 26,5 отсто

 Германската владејачка коалиција планира да побара од приватниот и јавниот сектор да ја намалат потрошувачката на енергија за 26,5 отсто до крајот на деценијата во споредба со 2008 година, наведено е во нацрт-законот. 

Водена од стравувањата дека трајно намаленото снабдување од Русија може да доведе до недостиг на гас, коалицијата минатата година воведе мерки за заштеда на енергија, како што се забрана за греење на приватните базени и охрабрување на граѓаните да работат од дома. 

Поради стравот од прекин на снабдувањето и владината кампања, но и поради благата зима, Германците ја намалија потрошувачката за 20 отсто. 

Пред кризата, во периодот од 2008 до 2020 година, годишно штеделе просечно помалку од шест отсто. 

До крајот на месецот, владата треба да усвои закон кој, според нацртот што ќе пропише значително поголеми заштеди и во јавниот и во приватниот сектор. 

Компаниите кои трошат повеќе енергија ќе мора да ја планираат својата потрошувачка на долг рок со употреба на „систем за управување со енергијата“. 

Владата ќе мора да заштеди околу 45 терават часови годишно, а сојузните држави вкупно пет терават часови годишно за Германија да ја постигне целта за климатска неутралност до 2045 година. 

Предлог-законот поставува и необврзувачки цели за намалување на потрошувачката за 39 отсто до 2040 година и за 45 отсто до 2045 година. 

Треба да знаете
Последни објави