Search

Белгиската и германската полиција извршија рација во канцелариите на ЕПП во Брисел

Во канцелариите на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел денеска белгиската полиција и германски истражители извршија рација во врска со истрага во германската сојузна покраина Тирингија.

ЕПП, партијата со најмногу претставници во Европскиот парламент, во соопштение кажа дека претставниците на власта од Белгија и Германија денеска ги посетиле нејзините канцеларии како дел од истрагата поврзана со германската покраина Тирингија, но не прецизираше за каков тип истрага станува збор, пренесуваат британските медиуми.

„Партијата соработува целосно транспарентно со властите, обезбедувајќи ги сите релевантни информации и документација“, се додава во соопштението на ЕПП.

Оттаму наведоа дека не се во можност да дадат повеќе информации бидејќи истрагата е во тек.

Британските медиуми наведуваат дека членки на ЕПП се партии од земјите низ цела ЕУ, како и европските земји надвор од Унијата, па така во неа членуваат партии од Норвешка, Швајцарија, Австрија и земјите од Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави