Search

Без голови на дербито Челзи-Ливерпул

Челзи и Ливерпул одиграа уште еден разочарувачки меѓусебен дуел, откако на „Стемфорд Бриџ“ одиграа 0:0. Овој резултат веќе станува нешто стандардно кога играат овие два клуба, затоа што четврти меч по ред на овие два тима нема погодоци.

Ако се знае дека два од овие четири средби беа во Лига Купот и ФА Купот, кога играа по 120 минути, вкупно поминаа 465 минути од последниот гол кој е виден, кога играат Челзи и Ливерпул, што е неверојатен пост. Последниот гол на дуелите на овие два тима е виден кога играа на 2 јануари минатата година, а дуелот заврши 2:2, а сите четири погодоци беа дадени во првото полувреме.

Челзи вечерва успеа два пати да ја затресе мрежата на гостите, но двата погодоци беа поништени. Во првиот дел, голот на Џејмс не важеше поради офсајд позиција, додека Каи Хаверц во 50 минута даде гол, но откако играше со рака.

Ова реми не одговара на двата тима, кои се борат да се доближат до позициите кои водат излез во Европа. Ливерпул има 43 бодови и е на осмото место, додека Челзи досега освои само 39 бодови и е на 11 место на табелата во Премиер лигата.

Во останатите денешни дуели во Премиер лигата: Борнмут – Брајтон 0:2, Лидс – Нотингем 2:1 и Лестер – Астон вила 1:2.

Треба да знаете
Последни објави