Search

Ал Хилал на Меси му понудил 438 милиони долари за една сезона

Нереална сума му се нуди на Лионел Меси за една година во Саудиска Арабија доколку се точни информациите што ги изнесе Фабрицио Романо.

Ал Хилал ставил на маса понуда од 438 милиони долари за најдобриот фудбалер на неодамнешното светско првенство само за една сезона што би ја поминал во нивниот дрес!

Ова е двојно повеќе од сумата што моментално ја заработува Кристијано Роналдо во Ал Наср и веројатно најголемата плата во историјата на фудбалот.

Доколку Меси ја прифати понудата, едно од најголемите ривалства во историјата на фудбалот ќе има нова епизода на Блискиот Исток.

Францускиот весник Л’Екип, пак, денеска објави ќе го напушти клубот од Париз на крајот на сезоната. Весникот тврди дека Меси со раководството на францускиот шампион не постигнал согласност за продолжување на договорот, кој на аргентинскиот капитен му истекува на 30 јуни.

Според Л’Екип, челниците на ПСЖ му понудиле на Меси 78 милиони евра доколку го продолжи договорот до 2024 година, како и бонус од 115 милиони евра под услов аргентинскиот фудбалер да остане во Париз до јуни 2025.

Дел од навивачите на ПСЖ во Меси гледаат најголем виновник за елиминацијата на парискиот клуб во осминафиналето во Лигата на шампиони, а Аргентинецот беше исвиркан пред неколку денови во поразот од Лион (0-1) на „Паркот на принцовите“ во рамки на 29 коло во француското првенство.

Треба да знаете
Последни објави