Search

Сириски бегалец избран за градоначалник на германското село Остелсшајм

Германско село избра сириски бегалец за градоначалник со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто, јави германската новинска агенција ДПА.

Ријан Алшебал, 29-годишен бегалец од Сирија, кој пристигна во Германија во 2015 година, се кандидираше на изборите во Остелсшајм во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг како непартиски кандидат. Сепак, тој е член на партијата „Зелените“.

Алшебал го опиша своето искуство во кампањата како „главно позитивно“.

Тој го напуштил родниот град Суејда во јужна Сирија на 21-годишна возраст. Веќе седум години младиот Сириец работи во администрацијата на блиското градско собрание Алтенгштет.

Според Здружението на општини во Баден-Виртемберг, досега немало друг кандидат со сириско потекло за функцијата градоначалник.

Треба да знаете
Последни објави