Search

Макрон најави комплетирање на нацрт-законот за евтаназија до крајот на летото

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција мора да ја подобри достапноста на палијативната нега и најави дека нацрт-законот за евтаназија треба да биде завршен до крајот на летото.

Макрон рече дека предлог-законот ќе се надоврзе на работата на групата од 184 случајно избрани француски граѓани кои расправаат за ова прашање од минатиот декември.

Групата ја заврши својата работа овој викенд, а 76 отсто од членовите на групата рекоа дека го фаворизираат овозможувањето на некоја форма на евтаназија за тие кои тоа го посакуваат.

Макрон не кажа дали поддржува евтаназијата или помошта во самоубиство да бидат дозволени во Франција.

Францускиот претседател изјави дека расправата за тоа прашање ќе продолжи, како и дека за тоа е потребен консензус. Францускиот национален совет на лекари соопшти дека се противи на вклучувањето лекари во евтаназија. 

Треба да знаете
Последни објави