Search

Златно Тркало по четврти пат ги прогласува најпосакуваните автомобили


Циклусот на гласање на овогодинешното Златно Тркало за Најпосакуван Автомобил во Македонија
заврши.
До неделата 31 март во 23:50 часот, по 14 дневно гласање, вкупно имавме 12.875 гласања во 3
категории (минатата година беа 5 категории) што покажува зголемен интерес, а и препознатливост на самиот избор.

Инаку, Златно Тркало е целосно веб базиран избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, на
кој глас даваат сите граѓани на РСМ кои имат пристап до интернет.

Се гласа на сајтот www.zlatnotrkalo.mk по категории, за по еден фаворит. На листата се наоѓаат нови автомобили
презентирани на нашиот пазар во последните 12 месеци, за кои импортерите изразиле интерес за учество.
Во функција на организатори и презентери на новитетите се порталите www.avtoplus.mk / www.carclub.mk / www.carbyvik.mk и јутуб каналот rpm.mk, заедно со партнерскиот www.biznisinfo.mk, кои со свои тестови, објави, постови и видеа на сите социјални мрежи, ги
претставија кандидатите пред македонска публика.
Креатор на изборот е најстариот автомобилски медиум кај нас Авто Плус..
Победници по категории:

  • Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 30.62% од гласовите – Peugeot 408
  • Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија со 35.64% од гласовите – Alfa Romeo Tonale
  • Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 30.49% од гласовите – Toyota Corolla Cross
    Се надеваме дека оваа вест ќе биде интересна за вашите медиуми.

    https://zlatnotrkalo.mk/ https://www.facebook.com/zlatnotrkalo
Треба да знаете
Последни објави