Search

Полпозиција за Верстапен во Мелбурн, Перез не ги заврши квалификациите

Макс Верстапен очекувано ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Австралија. Квалификациите, покрај актуелниот шампион ги обележаа возачите на Мерцедес и партнерот на Верстапен, Серхио Перез.

Макс Верстапен, во последниот круг, го постави апсолутно најдоброто време во квалификациите 1:16.732 минути. Утре на стартот, веднаш зад него ќе стартуваат пилотите на Мерцедес, Џорџ Расел (+0.236) и Луис Хамилтон (+0.372).

До Хамилтон, трката од вториот ред ќе ја започне Фернандо Алоно во Астон Мартин.

Следуваат Карлос Саинц во Ферари, колегата на Алонсо, Ленс Строл, Шарл Леклер (Ферари), Александер АЛбон (Вилијамс), Пјер Гасли (Алпин) и Нико Хулкенберг (Хас).

Вториот адут на Ред Бул, Серхио Перез, испадна на почетокот на квалификациите. Победникот од Џеда, по само пет минути излета од патеката и тој трката ќе ја започне од последната позиција.

Треба да знаете
Последни објави