Search

Македонските ракометарки поразени од Украина во првиот дуел од бараж пресметката за СП

 Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Украина со 24:22.

Македонките лошо го отворија првото полувреме со 0:3 и продолжија во таков ритам па гостинките во еден момент имаа и осум голови предност. На полувреме се отиде со 14:8 за Украина.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во второто полувреме влегоа решени да покажат дека можат многу подобро и по само 13 минути игра успеаја да изедначат на 16:16. Следуваше серија од три гола за противничките, но повторно добра игра на Македонија за изедначување на 19:19.

Клучниот момент на средбата се случи во 55.минута кога при водство на Украина 22:21, Сара Ристовска од пенал ја погоди во глава гостинската голманка и доби црвен картон.

Токму Ристовска со осум погодоци беше најефикасна во македонскиот тим, кај Украинките се истакна Левченко со шест гола.

Реваншот ќе се игра во вторник на 8 април на неутрален терен во Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави