Search

Значајна победа на Лејкерси против Минесота во директниот дуел за место во плеј-ин

Л.А Лејкерс ја продолжи позитивната серија со триумф над Минесота во директниот дуел за место во плеј-ин , а најмногу благодарение на одличниот Ентони Дејвис.

И покрај проблемите со зглобот во третиот период, Дејвис го одигра натпреварот докрајсо ефект од 38 поени и 17 скокови.

Кошаркарите на Денвер, без двајцата најдобри играчи, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, запишаа пораз во Аризона. Феникс Санс славеа против лидерот на Западот со 100:93 (32:20, 28:20, 24:34, 16:19).

Санс дилемите околу конечниот победник ги решија во првото полувреме, по кое имаа предност од 20 поени. Денвер наполни десет во третата четвртина, н без Јокиќ и Мареј не Нагетс не можеа да ја оспорат победата на Феникс.

Кевин Дурент ги предводеше Санс со 30 поени, Девин Букер додаде 27. На другата страна најефикасен беше Гордон со 26 со осум скока, Браун застана на 16, а Џексон имаше три помалку.



НБА, резултати:

Шарлот – Чикаго 91:121
/Букнајт 22 – Дерозан 23/

Индијана – Оклахома 121:117
/Меконел 21 – Гилџис-Александер 39/

Филаделфија – Торонто 117:110
/Embid 24 – Барнс 29/

Вашингтон – Орландо 109:116
/Кисперт 27 – Банкеро 30/

Бостон – Јута 122:114
/Тејтум 39 – Хортон-Такер 28/

Бруклин – Атланта 124:107
/Бриџис 22 – Мареј 21/

Кливленд – Њујорк 116:130
/Мичел 42 – Брансон 48/

Хјустон – Детроит 121:115
/Портер 33 – Багли 21/

Мемфис – ЛА Клиперс 108:94
/Бејн 22 – Пауел 16/

Минесота – ЛА Лејкерс 111:123
/Конли 25 – Дејвис 38/

Голден Стејт – Сан Антонио 130:115
/Кари 33 – Џонсон 22/

Портланд – Сакраменто 114:138
/Шарп 27 – Фокс 20/

Треба да знаете
Последни објави