Search

Голем интерес за Саемот на мебел

„Како што и очекувавме, саемот на мебел е исклучително интересна манифестација за јавноста. Викендов очекуваме зголемена фреквенција на посетители“. – изјавија од Скопски саем.

Претставени се повеќе од 40 изложувачи, со 80 брендови со богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, декоративни подлоги и елементи  по атрактивни саемски попусти кои се движат 0д 20% до 50%.

Туристичката агенција “Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.

Саемот на мебел е со работно време од 10.00 до 20.00 часот, а во недела до 18.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk

Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје.

Треба да знаете
Последни објави