Search

„Слободен печат“ влезе во дива ординација за лекување стерилитет на преглед кај доктор без лиценца

Во нерегистрираната ординација на гинекологот Д.Р. кој нема активна лиценца од Лекарската комора, стигнавме како „пациенти“ кои бараат лекување од стерилитет. Сакавме од прва рака да се увериме дали е точно тоа што претходно нашите извори ни го кажаа – дека доктор Д.Р. во центарот на Скопје, во Капиштец, има нерегистрирана ординација и таму практицира медицина фокусирана на лекување стерилитет открива слободен печат.

Изворите, кои претходно биле во тој стан, ни го дадоа и неговиот телефонски број. На влезот од фасадата од црвената висококатница не пречека нешто што требаше да биде знак за ординацијата. Со темно сина боја на цементираниот дел од натстрешницата пишуваше: „Центар за стерил.“. Стигнавме пред станот со две влезни врати. Ѕвончињата беа откорнати од ѕидот и дупките беа облепени со селотејп. Очигледно овде или се спремаат активности за реновирање или намерно се отстранети ѕвончињата. Затропавме на вратата. Од внатре се слушаше нечие присуство. Но никој не отвори. Тргнавме да си одиме и на самиот излез му заѕвонивме на мобилниот на докторот, да го прашаме каде му е преместена ординацијата. Но само што му се обративме со зборовите „Докторе Р. овде е пациентка, каде ви е ординацијата?“, тој ни рече:

– Ајде вратете се, вие бевте тие што затропавте на вратата сега така?

Направивме десетина чекори и вратата се отвори. А со неа се отвори и светогледот кон една нерегистрирана ординација. На креветот веќе лежеше маж, пациент, а изгледаше дека врз него се спроведува интервенција со ласер. Ногата му беше подигната и свиткана на лекарскиот кревет на кој беше послан бел чаршаф, ласерот беше вклучен, а ние, „младиот брачен пар“ бевме упатени во „чекалната“ која беше еден двосед во ходникот од станот.

-Седнете, да завршам со пациентот, има термин закажано, ни рече доктор Д.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

Треба да знаете
Последни објави