Search

Трамп обвинет за исплата на мито за порно актерка, првпат во историјата на САД поранешен претседател да биде обвинет за кривично дело

Големата порота на Менхетен синоќа покрена обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп за исплата на кампањски средства на порно актерката Сторми Дениелс за да премолчи дека имала односи со него. Ова е првпат во историјата на САД поранешен претседател да биде обвинет за кривично дело.

Tрамп за некои медиуми потврди дека во вторник идната недела добороволно ќе се предаде во полициската станица во Менхетн. Според процедурата тој треба да биде задржан, да му бидат одземени отпечатоци и да се слика за полициско фото како и сите уапсени. Потоа, со лисици на рацете треба да се појави пред судија и да се изјасни дали чувствува вина или не.

Обвинението е за ненасилен злостор па се очекува да биде пуштен да се брани од слобода без залог. Трамп ќе дојде во придружба на тајната служба, па не се знае дали ќе му бидат ставени лисици. Новинарски екипи од САД и целиот свет уште сега се собираат пред судот во Њујорк да известуваат од овеј настан без преседан во американската историја.

Се уште не се објавени детали од обвинението покренато по повеќемесечна истрага на Окружниот обвинител на Менхетн, демократот Елвин Брег. Набљудувачите сметаат дека ова може да влијае врз плановите на Трамп да се кандидира за претседател. Тој претходно изјави дека нема да се откаже од кампањата и во случај да биде покренато обвинение против него, бидејќи отфрли секаква вина.

Покренувањето обвинение за поранешен претседал е „скандалозно“, изјави Мајк Пенс, кој служеше како потпретседал на Трамп.

Во интервју за Си-ен-ен тој укажа дека случајот е слаб и може да биде отфрлен од судијата. И останати републиканци застанаа на страната на Трамп и коментираа дека ова е „политички лов на вештерки“, против поранешен републикански претседател, и обид на „радикалната левица“ да ја подели нацијата.

Треба да знаете
Последни објави