Search

Лукашенко предложи прекин на огнот во Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предложи денеска да се прогласи прекин на огнот во Украина и да се воспостави примирје, при што ниту една од страните нема да има право да ги прегрупира своите трупи.

„Ќе го преземам ризикот да сугерирам дека воените активности во Украина треба да престанат без право на страните да распоредуваат опрема и да ги прегрупираат силите“, рече Лукашенко во обраќањето до граѓаните и парламентот, а пренесува ТАС С.

Лукашенко изјави дека не треба да има предуслови за прекин на огнот, пренесува белоруската новинска агенција Белта.

Треба да знаете
Последни објави