Search

Прв смртен случај од беснило во Нов Зеланд

Здравствените власти на Нов Зеланд денеска соопштија дека посетител од странство починал од беснило, па на тој начин оваа болест прв пат била откриена во земјата.

Лицето, кое почина минатата недела во болница во Окленд, било заразено во странство и било дијагностицирано во Нов Зеланд, каде и било лекувано, соопшти денеска тамошното мнистерството за здравство, пренесува „Блумберг“.

„Пренесувањето на беснило од човек на човек е толку ретко што е речиси нечуено, така што нема ризик за јавноста“, се додава.

Треба да знаете
Последни објави