Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави предлог до Советот за доделување субвенции до 200.000 денари на граѓаните и такси превозниците кои ќе набават нови еко-возила на хибриден или електричен погон.
-Градот Скопје се трудиме да биде модерен град во кој хуманото живеење и животната средина треба да бидат секојдневие. Советниците треба да гласаат за одлука за набавка на нови еко-возила на хибриден или електричен погон за граѓани и такси превозници.
Ова е пилот проект кој за првпат се имплементира во Македонија и со кој градот Скопје ќе субвенционира до 200.000 денари по возило. Ова ќе придонесе да се намали аерозагадувањето и ќе го поттикне јавниот такси превоз, кажа Арсовска.