Search

(Видео) Дончиќ го импресионира Леброн: Човеку тоа е едноставно лудо!

Словенечкиот кошаркарски интернационалец во најсилната лига на светото – НБА, Лука Дончиќ уште еднаш го предводеше неговиот тим Далас до победа, овој пат над Индијана (127:104). Оствари учинок од 25 поени, седум скока и пет асистенции, за само 28 минути поминати на паркетот. Еден од неговите потези не помина незабележан од „кралот“ на кошарката Леброн Џејмс.

На официјалната Твитер-страница на НБА-лигата, беше објавено кратко видео од една нестварно добра асистенција на Дончиќ, затворен во аголот од теренот од двајца противници. Леброн Џејмс само го презеде тој твит и додаде свој коментар на чудесијата која ја изведе Дончиќ:

„Човеку тоа е едноставно лудо!“, напиша „Кралот“.

Треба да знаете
Последни објави