Search

Владата на Велика Британија го отфрли повикот на новиот шкотски лидер за независност

Владата на Велика Британија денеска ги отфрли изјавите за независност на Шкотска дадени од новоизбраниот лидер на Шкотската народна партија (СНП) Хумза Јусаф.

Јусаф, кој треба да стане нов шкотски премиер, денеска во Единбург, по објавувањето на резултатите од гласањето на 72.000 членови на СНП, изјави дека припаѓа на „генерацијата што ќе добие независност“ од Велика Британија.

„На народот на Шкотска му е потребна независност сега повеќе од кога било и ние ќе бидеме генерацијата што ќе ја добие“, рече тој.

Според британската Влада, Шкотите и Британците како целина сакаат политичари „кои се фокусираат на прашањата што им се најважни: намалување на инфлацијата, справување со кризата со трошоците за живот и намалување на листите на чекање во системот за здравствено осигурување“.

Треба да знаете
Последни објави