Search

МЗТ Скопје поразен во дирекната пресметка за опстанок од Борац

Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска АБА-лига, МЗТ Скопје вечерва е убедливо поразен на гостувањето во Чачак во дирекната пресметка со ривалот за опстанок Борац (105:84). Скопјани по овој пораз веќе се на пат за преселба во вторто по ранг регионално натпреварување – АБА 2 лигата. До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште три кола, а МЗТ Скопје останува последен на табелата со скор 4-19, додека Борац е претпоследен со 6-17 и со предност во меѓусебните дуели со македонскиот тим, која значи подобар пласман во случај на ист број бодови.  

МЗТ Скопје добро го почна мечот, со водство од 5:0, и се држеа шест и пол минути кога Борац направи серија и ја доби првата четвртина со 29:19. Уште полошо за македонскиот тим беше во вториот период, на полувремето домаќините водеа со 57:35.

Во вториот дел МЗТ Скопје беше рамноправен, но не ја анулира предноста на Борец и на крајот е поразен со 105:84.

Кук со 20 поени и шест скока беше најефикасен кај составот од „Јане Сандански“, Страхиња Миќовиќ додаде 18 поени со шест скока, додека Војдан Стојановски постигна 13 поени. Американецот Хантер Хејл со 22 поени беше најзаслужен за триумфот на тимот од Чачак.

Треба да знаете
Последни објави